Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
31.10.2008 22:29 - Makedonia e sama kriva zaradi negativniot izvestaj
Автор: sneksi Категория: Новини   
Прочетен: 1177 Коментари: 0 Гласове:
0



31.10.2008 17:09
image
Комисијата нема доволно аргументи да препорача датум
 
 

Нема преговори со ЕУ, Македонија не ги исполни политичките критериуми. Ова е клучниот заклучок од извештајот на Брисел, кој уште од минатата недела ја прати пораката за слабостите.

Македонија нема да добие датум затоа што Комисијата нема доволно аргументи да препорача такво нешто, како што имаше во 2005. за кандидатскиот статус. Ова е став на евроамбасадорот Фуере.

„Ниедна земја не е остров и не може да преживее сама. Нашиот свет е глобално село, во кое единствениот начин да се справите со проблемите со невработеноста, со економскиот развој, со безбедноста, е заедничката работа“, изјави Ерван Фуере, евроамбасадор во Македонија.

„Затоа ние ја гледаме Македонија како дел од ЕУ во иднина. Тоа е најдобриот начин за развој и за остварување на аспирациите на младите генерации“, додаде Фуере.

image
Фуере: Ја гледаме Македонија како дел од ЕУ во иднина
 
 

Изборите не ги исполнија меѓународните стандарди, недостиг на политичкиот дијалог е контрапродуктивен, влијае врз функционирањето на политичките институции, невработеноста е загрижувачка, јавната администрација не доби висока оценка. Има загриженост околу полициските реформи, се однесуваат на политизираност при именување на повисоки политички функционери. За судството се бара независност и ефикасност.

Клучно за напредокот кон унијата, според Фуере, се развиеното цивилно општество, независност на медиумите, почитување на гласот на бизнисмените. Главни показатели колку една земја е демократска.

„Од улогата на цивилното општество и од тоа колку Владата ја почитува неговата улога, се гледа колку една демократија е силна“, вели Фуере.

Но, што се случува со проблемот со името? треба да се избегнуваат потези што можат да имаат негативно влијание врз добрососедските односи. Ова е пораката од Извештајот.

А, вицепремиерот Боцевски во интервјуто за А1 го дефинираше како сериозен проблем.

„Ние разбираме и препознаваме дека имаме слабости, и на тие слабости ќе работиме. Кога ќе ги тргнеме тие слабости, меѓутоа, прашање е дали рампата ќе се крене“, рече Боцевски.

Според дипломатски извори на А1, едните извори ќе бидат дефинитивно тестот за политичката зрелост и демократија на земјата. Конечно, можност за добивање на преговори есента. Всушност, и србија очекува 2009. кандидатски статус, но дали името ќе го повтори Букурешт - тоа останува непознаница.



Тагове:   Makedonia,


Гласувай:
0



Предишен постинг

Няма коментари
Търсене

За този блог
Автор: sneksi
Категория: Музика
Прочетен: 42631
Постинги: 10
Коментари: 6
Гласове: 29
Архив
Календар
«  Април, 2024  
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930